И тоа го дочекавме: Кинезите го тужат Daimler за копирање

ОБЈАВЕНО НА:

Кинескиот автомобилски производител Chery Atomobile Co. се жали до регулаторите во земјата за користењето на ознаката EQ од страна на Mercedes Benz за нивниот подбренд за електрични возила, и се обидува да го блокира нивното користење во Кина, што е најголем корисник на електрични возила. Портпаролот на Chery изјавил дека компанијата веќе испратила барање до комисијата за заштита на регистерските ознаки и се надева дека нема да му биде дозволено на Daimler да го користи името во Кина.

Според Chery, тие веќе две години го користат името eQ за нивното електрично возило со две врати. Mercedes ја претстави речиси продукциската верзија на EQ concept, мал кросовер на батерии што треба да може да има досег од 500 км., и тоа уште лани во Париз. Треба да се понудат 10 нови електрични возила до 2025 година под името на EQ како подбренд, со цел да се стане глобален лидер во електричната технологија.

Доколку се прифати жалбата на Chery тоа ќе биде голем удар за Daimler на главниот пазар за продажба на електрични возила. Во Кина се продаваат повеќе електрични возила во однос на остатокот од светот, и тоа благодарение на заложбите на кинеската влада да го намали загадувањето на воздухот.

Кинескиот производител тврди дека и производите што ги нудат Daimler и Chery се слични и дека токму затоа треба да се забрани користењето на името на Германците.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK