Тоа е во мода: Белорусите направија електричен автомобил

ОБЈАВЕНО НА:

Ако сите мислат дека за електричните возила најмногу се зборува и се работи во Европа, Америка и на далечниот исток, ова е потврда дека и некои земји за кои постои мислење дека се „затворени“ всушност работат на најнови технолошки работи. Белорусија е земја која многумина ја споредуваат со Русија и зависноста од нејзе, а тамошната Национална академија на науките го претстави првото белоруско електрично возило.

Настанот се одржал во републичкиот полигон за тестирање на мобилни возила при Обединетиот Машински институт за градежништво на Националната академија на науките на Белорусија. Експерименталниот примерок на електричното возило беше создаден врз основа на GeelySC7 склопен во Белорусија.

Со едно полнење, електричното возило може да патува околу 150 км. Се полни 6 часа (од извор на напојување од 220 волти), или 3-4 часа (380 волти). За време на тестовите возилото забрзувало до 110 км/ч., но тоа не е максималната брзина што автомобилот може да ја постигне. Моќност на моторот на првиот примерок е 80 КС, бидејќи Таа е наменета само за сообраќај низ градот.

Сите компоненти на електричниот погон се направени во Белорусија, со исклучок на акумулаторот за енергија (суперкондензатор). Но, научниците веќе работат на создавање батерии за електричен автомобил, што исто така, ќе бидат белоруски производ во иднина.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK