Тоа е најчудното возило: Има три тркала, две врати и едно седиште (ФОТО/ВИДЕО)

ОБЈАВЕНО НА:

Автомобилот кој се нарекува Davis D-2 Divan има 3 тркала, 2 врати и 1 седиште. Тоа е возило кое се појави првпат во 1947 година, а од него беа произведени само 13 примероци.

Ова возило е опремено со четирицилиндричен мотор Hercules, а моќноста е 47 коњски сили.

Подоцна имаше монтирање и на нешто помоќен агрегат Continental со 63 коњски сили. Менувачот е механички со три степени, Borg-Warner.

Овој чуден автомобил беше изработуван од Davis Motorcar Company во периодот од 1947 до 1949 година. Возилото со три тркала има место за двајца и е кабриолет, но има опција и за обичен кров.

Следете не и на:
[Fancy_Facebook_Comments]

24AUTO NETWORK