Лојалноста кон еден автомобилски бренд не е непозната работа, и таа особено се цени кога ќе решите да го смените возилото. Но, секој на свој начин ја искажува поврзаноста и љубовта кон одреден автомобилски бренд.
Англичанецот Клиф Ходсон (78) пред неколку дена ги добил клучевите за својот 14. нов автомобил на марката за последните 38 години. Новата љубов на Ходсон е модел Mirage 2016, а во текот на годините тој бил сопственик и на Sigma, Galant, Lancer, Spacestar и ASX.
Како главни причини за одлуката да продолжи да им биде верен на производите од брендот Mitsubishi тој посочува удобноста и едноставно „му легнале“ возилата. Ходсон коментирал дека успеал да ја пренесе љубовта кон производите на компанијата и на својата ќерка и внука кои возат модели Lancer и Colt.
“Ако добијат награда на лото, пак би си купил Mitsubishi. Исто така би си зел EVO, за да имам можност да го однесам на натпреварувачката патека “, коментира Ходсон.