Toa e CUPRA Formentor – погледнете го новиот СУВ (ФОТОГАЛЕРИЈА)

ОБЈАВЕНО НА:

Новоформиораниот бренд од страна на Seat, Cupra објави информации за својот прв целосно внатрешно развиен модел, Formentor.

CUPRA Formentor комбинира импресивен дизајн, високотехнолошки погон и исклучително високо ниво на производство во универзалното купе – СУВ. При појавата на пазарот во последната четврина од оваа година, во модификациската понуда на моделот ќе бидат вклучени неколку верзии на мотор. Меѓу нив е вклучен и plug-in хибрид со 245 коњски сили и супер предлог со 310 коњски сили.

Основните димензии на Cupra Formentor се должина од 4450 мм,ширина од 1839 мм и висина од 1511 мм. Cupra Formentor е со меѓуоскино растојание од 2680 мм, што гарантира простор и комоција во внатрешноста за сите патници, а товарниот дел е со носивост од 450 литри.

Cupra Formentor се одликува со специјални 19-инчни бандажи, достапни во верзијата Copper, преку кои може да се видат уникатните за моделот апарати за запирање на специјалистот во областа Brembo.

Егзотичното осветлување на надворешниот дел на Cupra Formentor е пренесен и во внатрешниот дел каде што се добива спортско-елегантна изведба со високо квалитетни материјали, апликации од бакар и алуминиум, спортски предни седишта со кожен тапацир и други.

Cupra Formentor ќе се нуди во неколку модификации, вклучувајќи ја и топ понудата со дволитарски TSI мотор со 310 коњски сили и 400 Нм и plug-in хибрид со 1.4-литарски TSI со 150 коњски сили, електромотор со 115 коњски сили и батерија со капацитет од 13 kWh (50 километри во чист електричен режим).

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK