Тјунирана Alfa Romeo 4C со 477 КС

ОБЈАВЕНО НА:

Pogea Racing германска група на ентузијасти и креативци го објави последниот во низата проекти. Овој пат тие решија својата фантазија да аплицираат на најспортскиот алфин модел, 4C.

Како за основната, сериска изведба со 1.75 литарски мотор со 237 КС не е доволна, па Pogea Racing решија да вградат 1.95 литарски турбо мотор кој овозможува 477 КС. На овие бројки може да се додадат и импресивните 3,6 секунди потребни за 100-ка, а максималната брзина која може да ја постигне изнесува 308 км/ч.

Со неколку естетски измени кои најмногу произлегуваат од играњето со бои, оваа тјунирана изведба на 4C дефинитивно е една од најдобрите досега. Pogea Racing тјунираната 4C ја нуди во две изведби, со 18 и 19 инчни фелни.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK