Тинејџерка со 16 години постави светскиот рекорд во слалом со автомобил (ВИДEO)

ОБЈАВЕНО НА:

Натпреварувачка од САД во картинг, Клои Чемберс успеа да го подобри светскиот рекорд за автомобилски слалом зад воланот на стандардното Pоrsсhе 718 Spydеr со фабрички гуми Miсhеlin Spоrt Сup, соопшти прес-службата на производителот од Германија. Девојчето кое има 16 години ја поминало „змијата“ од 51 конус, сместена на растојание од 15,2 метри еден од друг, за 47,45 секунди.

Клои има седумгодишно искуство во картин и морала брзо да се адаптира на управувањето на спортскиот автомобил.

„Изгледа лесно, но воопшто не е така. Требаше да се помине меѓу 50 конуси без придоа ниту еден од нив да не биде допрен. Успеав во последниот обид. Автомобилот работеше прекрасно и успеав да го направам потребниот зафат“, вели Чемберс.

Со ова постигнување девојчето го подобри досегашниот светски рекорд во дисциплината поставен во 2018 година. Тогаш натпреварувачот од Кина Цзја Цјан успеал да ја помине „змијата“ за 48,11 секунди со Сhеvrоlеt Саmаrо RS.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK