Безбедноста станува сè поголема и постојано се подобрува. Сепак, некои авио компании се подобри од други, па затоа е направен список на 20-те најбезбедни авио превозници во светот. Системот за оценка на безбедноста е разработен со помош на Меѓународната организација за граѓанска авијација на Обединетите нации.
Овие 20 најбезбедни авио компании се избрани од вкупно 409 превозници. За да го состават овој список, морале да се даваат оценки на секоја од авио компаниите и врз основа на нејзината оценка од мешународните регулатори, случаите на инциденти со фатален епилог во полените десет години, староста на нејзиниот летачки парк, резултатите од податоците на Меѓународната асоцијација за воздушен транспорт и дали компанијата е во сооднос со осумте точки за безбедност на Меѓународната организација за граѓанска авијација.
Сите компании кои се на списокот ги поминуваат овие точки со високи резултати.На списокот доминираат авио компаниите од Азија и од Европа и имаат осум односно седум претставници. Нема авио компании од Јужна Америка и од Африка.
ТОП 20
- Air New Zealand
- Alaska Airlines
- All Nippon Airways
- British Airways
- Cathay Pacific
- Emirates
- Etihad
- Eva Air
- Finnair
- Hawaiian Airlines
- Japan Airlines
- KLM
- Lufthansa
- Qantas
- Royal Jordanian
- Scandinavian Airlines (SAS)
- Singapore Airlines
- Swiss International Air Lines
- Virgin Atlantic
- Virgin Australia

Следете не и на:

