Познати производители на гуми ги нудат не само своите првокласни продукти, туку и поевтини гуми од нивните таканаречени „буџетски брендови“ чие име го носат. Експертите тестирале соодветни летни гуми во оваа категорија. Токму ови гуми се меѓу најпродаваните барем за оние со поплиток џеб, а кои сепак сакаат да имаа нови и квалитетни гуми на својот автомобил.
Auto Club Europa (ACE) и Gesellschaft für Technische Zusammenarbeit (GTÜ) тестирале гуми со популарниот размер 215/55 R17 за компактни SUV и автомобили од средна класа.
Во тестот се користени следните гуми: Maxxis Premitra 5, Sava Intensa UHP 2, Fulda SportControl 2, Apollo Aspire XP, Toyo Proxes Sport, Kleber Dynaxer HP4, Firestone Roadhawk, Hankook Ventus Primes 125 и Avon ZV7. Тие требало да се докажат во три области: безбедност при мокри услови, безбедност при суви услови, безбедност за околината и економичност. Многу важна е и улогата на цената закомплет од четири гуми.
Од деветте тестирани модели на гуми само Maxxis Premitra 5 постигнала топ рејтинг „високо препорачано“.Четири брендови добиваат оценка „попорачано“:Sava Intensa UHP 2, Fulda SportControl 2, Apollo Aspire XP и Toyo Proxes Sport. Другите четири тестирани модели можат да бидат дефинирани само како условно препорачани.
Ниту еден од деветте кандидати не се претстави особено во категоријата „Мокра безбедност“. При летна температура на асфалтот од 20 степени, во зависност од гарнитурата на гумите, неопходни се меѓу 26,5 и 28,8 метри, за тест превозно средство (Audi Q2) да запре целосно при брзина од 80 км/ч. Сепак, Fulda, Toyo, Kleber и Maxxis даваат прифатливи вредности на нивнитe резултати.
Сите тестирани гуми биле убедливи на суво, разликите меѓу одделни брендови се исклучително мали според експертите. Во топ групата според резултатите се Maxxis, Sava, Hankook, Fulda и Toyo. Тие нудат добро однесување при маневрирање со воланот и убедуваат со добар контакт со подлогата дури и на деловите каде што има повеќе барање за техника.
Maxxis е најбрзата гума. Sava, Hankook, Fulda и Toyo исто така се силно препорачливи за сув пат. Apollo, Avon, Kleber и Firestone заостануваат, но не создаваат критични ситуации на патот. Во секојдневието по суви патишта овие гуми исто така се исклучително конкурентни според експертите.
Па ако токму сега размислувате да ги смените гумите, и имате потреба од оваа димензија, веројатно ова ќе биде добра препорака..