(ТЕСТ): Hyundai Ioniq – три во едно

ОБЈАВЕНО НА:

Корејците одамна покажаа дека се сериозни играчи, и се повеќе ги прифаќаат како квалитетна конкуренција, а последните направени автомобили покажуваат дека ги знаат и желбите на купувачите, па се прилагодуват на она што се бара на пазарот. Hyundai лани го претстави моделот Ioniq што всушност е “три во едно“. Од самиот почеток на продажбата се нуди во три изведби: хибрид, плаг ин и елекричен погон. Ioniq hybrid е покриен со петгодишна гаранција или поминати 100 000 километри, петгодишна помош на пат и пет години бесплатен преглед на возилото.

Свеста е одамна разбудена кај автомобилските производители околу заштитата на околината, па и да нема производител што не нуди алтернативни начини на придвижување, а не само со конвенционални мотори.
Hyundai лани го претстави моделот Ioniq што всушност е “три во едно“. Од самиот почеток на продажбата се нуди во три изведби: хибрид, плаг-ин и електричен погон. Корејците одамна покажаа дека се сериозни играчи, и сѐ повеќе ги прифаќаат како квалитетна конкуренција, а последните направени автомобили покажуваат дека ги знаат и желбите на купувачите, па се прилагодуват на она што се бара на пазарот. Ние на тест ја имавме хибридната верзија на Ioniq, односно модел со комбинација на бензински и електро погон.

Кога Кореа Аутотрејд во Македонија го промовираше новиот Hyndai Ioniq за многумина тоа беше само уште еден обид да се нападне Toyota Prius. И навистина Ioniq е директна конкуренција на Јапонецот. Разликата е само што Toyota во овој сегмент е со децении, а Hyundai сега сериозно влегува на полето каде секој сака да грабне дел од колачот. И покажува дека знае, умее и може да биде „играч“. Купувачите се еколошки освестени, државите даваат и „добри“ субвении за купување вакви возила, а истовремено постојат и многу олеснувања при регистрација и други давачки. Кај нас тоа засега е само желба, но Ioniq ни покажа дека Hyundai е подготвен за конкуренцијата и знае што да им понуди на купувачите. И добар автомобил, нова технологија, доволно простор да биде и семејно возило, па и многу мала потрошувачка.

Hyundai е познат по квалитетот што го има кај своите возила, но за Ioniq hybrid има истата детална гаранција како и другите патнички возила на Hyundai. Ioniq hybrid е покриен со петгодишна гаранција или поминати 100 000 километри, петгодишна помош на пат и пет години бесплатен преглед на возилото.

Ние на тест ја имавме најопремената верзија на Ioniq hybrid која како „дополнителна опрема“ во однос на основната верзија има 17 инчни бандажи, сончев кров, кожни седишта, вентилација на предните седишта, ЛЕД светло во кабината, греење на управувачот, систем за детекција на мртов агол, систем за автономно сопирање, контрола на автопилот и систем за следење на сообраќајните значи, навигација со 8 инчен екран + RDS + DAB + SD Card + Bluetooth, Infinity аудио систем, греење на седишта (напред и позади). Кога имате вака опремен автомобил, тешко е дека ќе му најдете мана, а Hyundai сака да понуди многу „ситници“ поради кои купувачите веднаш би го засакале моделот.

Многу опрема за добро уживање
Уште при разгледување на она што го нуди во основниот пакет може да се забележи дека Ioniq дава чувство на луксуз, иако секогаш ќе најдете некој детал што можел да биде и подобро направен. Во основниот пакет се нуди: автоматска клима, задна камера за паркирање, 5 инчен ЛЦД екран, систем за паркирање, сензори за дожд, УСБ полнач, систем за одмаглување, аудио команди на управувач, електрика на стакла (напре ди позади), ксенон светла …А сето тоа е многу повеќе од некои други конкуренти.

Но, сигурно е дека не би го купиле моделот само поради опремата. Ознаката Hybrid треба да биде уште еден плус во одлуката да се биде горд сопственик на вакво возило.
Ioniq е лимузина со пет врати, со низок прифил што наликува на купе. Бидејќи се сакало да има што е можно помал отпор на воздухот морал и дизјанот да се прилагоди. Коефиционтот на предниот отпор на воздухот е 0,24. Должината на возилото е 4,47 м. со што го сместува во горниот дел од Ц сегментот. Тоа покажува дека и внатре има простор за пет патници, па и на задните седишта ќе бидете изнанадени. Обично хибридните возила имаат проблем со багажниот простор, но кај Ioniq тоа е решено, па може да сметате на 433 литри, што е сосема задоволително. Батериите се сместени под задните седишта.

Она што како забелешка го имаме е погледот на задното стакло и спојлерот што постои. Тој го намалува видикот кога би сакале да гледате на средишниот ретровизор што има позади, или кога би возеле во рикверц. Најмногу треба да се внимава при возење во рикверц, но затоа имавме камера која ни го даваше просторот зад возилото. Од друга страна и седењето на возачкото седиште изгледаше малку потврдо, па после извесно време треба да се помрднете некој милиметар за да најдете нова положба.

Хибрид што троши и помалку од 5 литри
Фабричките податоци за потрошувачката на Ioniq се 3,4 литри. Но, предвид треба да се има дека тоа е постигнато со гуми од 15 инча, а ние на тест имавме модел опремен со 17 инчни тркала. Ние на тестот постигнавме потрошувачка од 5,2 литри.
Платформата на Ioniq е превземена од Elantra, но погонот е 1.6 литарски со директно вшприцување што користи Аткинсон циклус. Користењето на овој 1.6 литарски мотор с епокажува како оправдан поради термичката ефикасност која достигнива 40 отсто. Тој има 109 КС и 147 Нм вртежен момент. Им аи помошен електро мотор со 32 kW (43,5 КС) и максимален вртежен момент од 170 Нм. Преносот на силата е преку предните тркала и со 6 степен менувач

Сето ова што го зборуваме за хибридите, а конвенционалниот мотор, батериите, возењето на струја ќе им стан епојасно на оние што се внатре кога на 8 инчниот екран ќе ја уклучат опцијата кој аим овозможува да следат како работи моторот. Кога се користи електричната енергија од батериите, кога се полни батеријата, кога работи моторот, кога се користат и двата, или само едниот. Уште поинтересно е што можете да видите на инструмент таблата каков е вашиот стил на возење: агресивен, нормане и енономичен. Тоа веднаш ве предупредува кога стискате повење на гаста, и преку проценти ви покажува како дотогаш сте возеле.

Мотор што има и спортски можности
Со самото стигнање на копчето за старт вие и нема да го чуете моторот, туку само ќе видите како инструмент таблата се вклучува. При тргнување се вклучува класичниот мотор, а потоа кога ќе се добие одредени забрзување се преминува на струја. Но, кога ќе се премине на струја не решавате вие тука автомобилот. На екранот во секое време можете да видите која енергија се користи, дали е тоа батеријата, дали се полни преку сопирањето, или кога сакате да добиете малку сила да го искористите и конвенционалниот мотор.
Но, кога со полн резервоар ќе видите дека има 980 км. за возење станува јасно дека автомобилот е штедлив. Но, тоа не ги намалува неговите спортско можности. Кога наместо D на автоматскиот менувач ќе смените во S, тогап и на инструмент таблата се менува изгледот давајќи ви до знаење дека од моторот можете да очекувате поспортски однос. Тоа секако ќе ве чини поголема потрошувачка, но ќе можете да возите без проблеми над 150-160 км/ч.

Најпогоден за градско возење, но и со семејни манири
Ioniq повеќе се препорачува за в град, бидејќи тогаш повеќе до израз доаѓа хибридниот мотор. Барем нас ни остави таков впечаток, и сигурни сме дека затакво користење најмногу ќе имате бенефит од хибридната верзија.
Имате и доволно голем багажник да ставите доста потребштини, а и места за пет лица. Тоа укажува и на семејниот карактер. Нема голем темперамент, туку пред се економичност и функционалност, со лесно управување.
Она што е интересно е дека емисијата на ЦО2 е 79 г/км.

Цена и опрема
Во Македонија Hyundai Ioniq се нуди само во хибридна верзија, со 1.6 литарски GDI 6DCT мотор и три нивоа на опременост: Pure, Style и Style plus.
Гледано од аспект на цената, почетните 23.900 евра за овој модел со првото ниво на опременост е навистина одлична опрема во која има речиси сѐ што навистина вие потребно. Следните ниво се само дополнување и „финеси“, како што се склопливи ретровизори, мало светло на ретровизор, хромирани кваки, меморија н авозачко седиште, 17 инмчни тркала, сончев кров, кожни седишта, вентилација на предните седишта, греење на управувач, систем на детекција на мртов агол…..Не дека овие системи не се потребно, но може без проблеми да се преживее и да се ужива во возењето со Ioniq, а притоа да ги чувствувате и благодетите од хибридниот погон.

* Ценовник и опрема за Hyundai Ioniq во Македонија

Фото – галерија (Орце Поповски)

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK