Велат струјата не се меша со вода, а и доколку дојде во контакт може да се случи голема хаварија.
Тоа не важи за моделот 3 на Tesla. Барем по видеото кое се појави на интернет, а кое е снимено во Кина.
На видеото може да се види како бела Tesla се движи низ вода кога наеднаш влегува во “длабокото”. Водата, на прв поглед не претставува никаков проблем за овој автомобил кој продолжува да вози и натаму.
https://youtu.be/WodIqVVXaTE
Еве идеја плус за иновативниот Маск кој може слободно да размислува за комбинирани автомобили кои би возеле и под вода.