Tesla во проблеми – мора да повлекува возила

ОБЈАВЕНО НА:

Tesla и Илон Маск се наоѓаат на маки – мора да повлечат 9.136 Tesla возила поради адхезија на стаклените панели.

Налогот за повлекување го издаде Американската агенција за безбендост во сообраќајот (NHTSA) која во соопштението наведе дека ќе мора да бидат повлечени моделите произведени во периодот од 17 септември 2015 до 31 јули 2016 година.

Во деталниот опис се наведува дека кај моделот X на предниот дел под покривот вграден е стаклен панел кој в оодредени случаеви може да ослабе и да се оддели од конструкцијата. Со ова можно е да предизвика повреди на возачот и патниците па да доведе и до сообраќајна незгода.

Tesla активно ќе учествува во повлекувањето на возилата и има за задача да го фиксира проблемот на свој трошок.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK