Tesla станува уште подобра: Петнаесет пати од Скопје до Куманово со едно полнење

ОБЈАВЕНО НА:

Tesla се пофали дека нејзините луксузни електрични автомобили станаа уште подобри од претходно. Моделите S и X добија подобрен погогонски состав кој на лимузината S ќе и овозможи да помине речиси 600 километри, додека лускузниот SUV ќе има можност за поминување на 523 километри со едно полнење.

Во реалниот свет тоа значи дека Tesla Model S со едно полнење би можел да вози од Лос Анџелес до Сан Франциско или да поминете 15 пати на релацијата Скопје-Куманово.

Двата модели ја задржаа истата батерија од 100 kWh, а од Tesle наведуваат дека автомобилите добија подобрен начин на возење со лудо забрзување. Новите верзии на Tesla, Supercharger полначи (V2 i V3) ќе имаат и двојно побрзо полнење.

Секако, новите можности не доаѓаат бесплатно, па сега двата автомобили со голем досег се и поскапи. Model S сега чини 78.750 долари, додека Model X 83.950 долари.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK