Во пресрет на светската премиера закажана за 14 март, американскиот производител Tesla објави нов тизер од моделот Y.
Четвртиот електричен модел во понудата на Tesla ќе се произведува во фабриката на Tesla во Фримонт во Калифорнија, а за две години ќе почне производството и во новата Гигафабрика во Кина. Моделот Y е околу 10 проценти поголем од Model 3 и ќе лини исто толку поскапо.
Претходно Маск најави дека моделот Y ќе биде далеку попопуларен од моделот 3, а цената би се движела помеѓу онаа на моделот 3 и моделот S. Со овој модел, Tesla ќе им конкурира на Jaguar I Pace, BMW iX3 и Mercedes-Benz EQC.