Tesla сака родстер што ќе забрзува за помалку од 2 секунди

ОБЈАВЕНО НА:

Tesla планира во понудата да има и родстер возило. Не во моментов, туку за некоја година, што го потврди и Елон Муск, сопственикот на компанијата.

Она што се очекува од новиот родстер е да забрзува до 100 км/ч. за помалку од 2 секунди. Тоа би го можел моделот што ќе ја има највисоката опременост и најсилниот мотор. И истовремено да не биде ограничена максималната брзина односно перформанси.

Кога би се појавил на пазарот овој родстер би бил најбрз модел на компанијата, и би ја престигнал сегашната верзија на Model S која до стотка стигнува за 2,5 секунди. Она што се знае е дека новиот родстер ќе биде базиран на Model 3.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK