Tesla привремено го прекина производството на Model 3 – паднаа и акциите на берзата

ОБЈАВЕНО НА:

Samsung Electronics објави дека го прекина производството во својата фабрика во Тексас поради големото невреме кое ја зафати оваа сојузна американска држава. Тоа е голем удар за Tesla од каде уште во 2019 година потврдија дека се снабдува со чипови.

Токму поради овој прекин на производството на Samsung Electronics, принуден на прекин, поради недостатокот на чипови е и Tesla, пренесува Ројтерс.

Не е јасно колку денови ќе трае прекинот а производството, ниту пак колку финансии ќе изгуби Tesla за ова привремено затворање на фабриката чиј годишен капацитет изнесува 600 илјади возила. Оваа вест предизвика и пад на акциите на Tesla на американската берза од 6,77%.

Претходно, Tesla ја “мотивираше” побарувачката на моделот 3 откако значително ги намали цените, но сега купувачите ќе мора да чекаат дополнително време за да дојдат до својот автомобил.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK