Tesla повторно под закана од банкрот, дневно губи по 9 милиони долари

ОБЈАВЕНО НА:

Се сеќавате ли на првоаприлската шега на Elon Musk кој на својот Твитер профил објави дека Tesla е пред банкрот? Еден месец подоцна оваа “желба” на Musk е пред остварување, барем според еминентното бизнис издание на Bloomberg.

Магазинот пишува дека Tesla и покрај рекордниот прв квартал во поглед на продажбата, се уште се мачи околу обезбедување на “свежи” пари и компанијата има сериозен проблем поврзан со недостатоко на кеш. Магазинот на ова го додава проблемот и со неисполнувањето на планот за производство на Model 3 што има финансиски импликации. Така Tesla секоја минута губи 6.500 американски долари што е 390.000 на час односно 9.360.000 американски долари на дневно ниво.

Проблемите во кој се наоѓа Tesla индиректно ги потврди и Musk кој изјави дека компанијата е пред процес на реорганизација и реструктуирање и дека очекува позитивен готовински тек во третиот квартал годинава. “Навистина сум сигурен дека ќе постигнеме позитивен готовински тек во третиот квартал. Многу веројатно е дека ќе спроведеме и реорганизација и реструктуирање на компанијата овој месец” изјави Musk за американските медиуми.

Тенденцијата на губењето на готовина може да придонесе Tesla до крајот на оваа година да се соочи со сериозни ризици во однос на опстанокот, а клучно за иднината на компанијата ќе биде дали Musk ќе успее да обезбеди дополнителни финансиски средства од нови кредитори кои би ги искористил за финансирање на растот на компанијата.

Ако на сето ова се додаде најавеното повлекување на 123 илјади теслини возила, одложувањето на производството на моделот Y како и неодамнешната истрага иницирана од сообраќајната несреќа во која учествуваше возило на Tesla, тогаш дефинитивно може да се заклучи дека Tesla е во големи проблеми и покрај амбициозниот старт на годината. Па оттука Bloomberg пишува дека наредниот квартал ќе биде од круцијално значење за опстанокот и иднината на компанијата.

Следете не и на:
[Fancy_Facebook_Comments]

24AUTO NETWORK