Елон Маск никогаш не престанува да го воодушевува и изненандува светот, а неговата Tesla претстави нешто ново. Се работи за највисок високо-технолошки продукт, кој делува како шега. Не треба да бидете изненадени, но Tesla ги претстави сопствените шорцеви – Reds.
Со ова Елон Маск се обидува да им докаже на оние кои шпекулираа дека акциите на компанијата брзо ќе паднат, дека знае да се бори на повеќе места и дека знае што прави во бизнисот.
Основната карактеристика на новата облека на Tesla (како дополнување на црвеното) се буквите и бројките S, 3, X и Y (oд дистанца може да се прочита како SЕXY), a инаку, тоа се ознаките на моделите на брендот.
Цената е значајна и се работи за 69 долари и 42 центи. Не е познато каква симболика носи првиот дел од цената, 69, но на сајтот на брендот се вели дека бројката 420 (69,420 долари) не е избрана без причина.
Во 2018 година, Маск напиша твит каде што кажа дека мисли да ги откупи сите акции на Tesla за 420 долари. Веднаш потоа цените на акциите пораснаа и Комисијата за хартии од вредност го обвини Маск за измама со хартии од вредност.