Tesla планира да тестира автономни камиони уште есенва

ОБЈАВЕНО НА:

Американскиот производител на електрични автомобили Tesla се очекува да почне со тестови на електричен автономен камион, пишува агенцијата Reuters.

Компанијата планира да ги има првите тестови во Невада, кои се очекува да почнат уште во септември. За таа цел ќе се користат неколку камиони. Функција на „автоматски пилот“ ќе им овозможи на возилата да се движат во колона. Властите во државата Невада тврдат дека Tesla се уште не е поднел официјално барање за добивање на дозвола.

Американскиот производител на електрични автомобили сака да добие дозвола за стартување на пробни тестови и во уште еден држава – Калифорнија, но се уште не поднела документи за добивање на дозвола.

Пред една година претставници на Tesla ја открија намерата на компанијата за создавање на електрични камион кој ќе се движи автоматски без возач. Возач би требало да има само во првиот камион што ќе ја предводи колоната.

Извршниот директор на Tesla, Илон Муск смета дека сличен тип возила ќе им заштедат финансиски ресурси на фирмите за транспорт. Според него тие се и побезбедни.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK