Tesla наскоро отвора салон во земја од бивша СФРЈ

ОБЈАВЕНО НА:

Словенија е првата земја од поранешна Југославија која ќе добие оФицијален продажен салон на Tesla. Оваа вест ја пренесоа словенечките медиуми кои објавија дека во оваа земја се отворени две позиции за продажен советник за Tesla автомобили.

“Во потрага сме по советник за продажба за нашата нова продавница која ја отвораме во Љубљана. Дали сте подготвени за предизвик?” стои во огласот за вработување.

Точниот датум на отворање не е познат, но се шпекулира дека тоа ќе се случи во септември.

Уште минатата година преку својот Твитер профил, Маск го најави отворањето на продажен салон во Љубљана. Покрај во Словенија тој го најави и отворањето на продажен салон и во хрватската престолнина Загреб.

 

Следете не и на:
[Fancy_Facebook_Comments]

24AUTO NETWORK