Само четири месеци после пазарното деби, Mоdеl Y Tеslа ја намали основната цена на кросоверот со 3.000 долари (2.648 евра). Големото поевтинување е со цел да се задржи високиот интерес кон високиот интерес кон новиот електромобил.
Во моментов во Северна Америка, Tеslа Mоdеl Y чини 49.990 долари (44.108 евра) без државната субвенција од 6.300 долари (5.559 евра). Најдостапната модификација на кросоверот во САД има два електромотори и може да помине до 508 километри со едно полнење.
Наскоро треба да се појави поевтина верзија со еден електромотор со автономен опсег од 480 километри. Според неофицијална информација таква варијанта ќе чини 45.000 долари (39.701 евро). До крајот на годината ќе биде претставена и модификацијата со седум седишта.
Пред второто тримесечие од 2020 година, кога почна кризата со пандемијата од коронавирусот, Tesla успеа да продаде 90.650 примероци од Mоdеl Y. Овој резултат ги надмина значително прогнозите на аналитичарите, кои предвидуваа дека ќе бидат доставени не повеќе од 70-80.000 примероци.