Tesla Model 3 измина 2.800 км за 24 часа (ВИДЕО)

ОБЈАВЕНО НА:

Сопственик на Tesla Model 3 одлучи да докаже дека дека електромобилите можат без проблеми да се справат со долгите патувања. Бјорн Ниланд успеал да мине 2.781 километар за 24 часа што практично е нов светски рекорд.

Импресивната километража е направена на патиштата низ Германија. За да остане максимално верен на вистинските услови за работа на електромобилот, Ниланд возел како што го прави тоа секојдневно.

Основниот дел од трасата минувала по германскиот автопат. Тоа ја објаснува високата просечна брзина од 115 км/ч.

Ниланд користел станици за полнење на јони, кои многу побрзо ги полнеле батериите откоку терминалите Supercharger на Tesla. Новиот рекорд е поставен со модифицикацијата Model 3 Long Range со два електромотори, која може да помине по 500 километри со едно полнење и забрзува од 0 до 100 км/ч за 4,5 секунди.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK