Tesla Model 3 е најпродаваниот автомобил во Велика Британија

ОБЈАВЕНО НА:

Продажбта на нови автомобили во Велика Британија во април годинава споредбено со истиот месец минатата година забележа пад од 97%. Причината за овој пад е добро позната – коронавирусот.

Сето ова влијаеше да листата на најпродавани автомобили биде значително променета споредбено со претходните месеци.

Од вкупно продадените 4.321 автомобил, 658 примероци се од моделот 3 на Tesla што го прави најпродаван автомобил на “Островот”. Со продадени 367 примероци е електричниот I-Pace на Jaguar. За прв пат во историјата на Велика Британија, на првите две места најпродавани автомобили се автомобили на електричен погон. На третата позиција со 264 примероци е Vauxhall Corsa.

Во топ 10 најпродаваните автомобили во месец април се уште и: Vauxhall Grandland X, Ford Tourneo, Peugeot Rifter, Seat Leon, Mercedes A Class, Nissan Leaf и Peugeot 308.

 

Следете не и на:
[Fancy_Facebook_Comments]

24AUTO NETWORK