Tesla ќе се сели – седиштето нема повеќе да биде во Калифорнија

ОБЈАВЕНО НА:

Уште еден твит на Илон Маск предизвика голем интерес, особено кај Американците. Тој на својот профил на Твитер наведе дека компанијата ќе си замине од Калифорнија и ќе се пресели во Невада.

“Tesla одма ќе го пресели своето седиште и идните програми во Невада” напиша Маск.

Причината за оваа одлука на Маск произлегува од неговиот гнев насочен кон локалните зздравствени служби кои одбиваат да издадат одобрение на Tesla за да може да работат во време на епидемијата од коронавирусот.

Додека жителите на Невада се радуваат на оваа одлука, аналитичарите сметаат дека ова е само блеф на Маск со кој се обидува да изврши притисок врз локалните власти.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK