Tesla кампер – ви звучи ли и на вас чудно?

ОБЈАВЕНО НА:

Секојдневно сме сведоци на најразлични модификации на бројни автомобили. Последната во низата модификација е дело на американскиот претприемач Травис Рабенберг кој од моделот S на Tesla направи кампер.

Рабенберг кој всушност е уредник и водител на емисија за патување, го создаде овој кампер токму за потребите на емисијата и долгите патувања.

Тој го употребил моделот S 70D кој располага со 539 КС и 967 Nm обртни моменти. Од 0 до 100 км/ч забрзува за нешто помалку од 3 секунди, а со едно полнење на батеријата може да помине солидни 320 км. Она што го прави посебен овој автомобил е тоа што располага со резервоар зза вода, легло, но и генератор со 1.000 вати.

Оваа несекојдневна изведба ќе биде прикажана и на неколку саемски манифестации ширум светот. Некои сигурно мечтаат да имаат вакво возило. Од Tesla засега не планираат да произведуваат нешто слично.

Останува само наа народната – сам свој мајстор!

Следете не и на:

24AUTO NETWORK