Tesla има поголем профит од биткоини отколку од автомобили

ОБЈАВЕНО НА:

Илон Маск не престанува да изненадува со своите навремени деловни одлуки. Последен доказ за тоа е потенцијалниот профит кој Tesla може да го оствари благодарение на инвестиционата одлука на Маск за инвестирање во биткоини.

Американскиот гигант на почетокот на годината купи биткоини во висина од 1,5 милијарди долари. По која цена е купен еден биткоин не е позната, но на почетокот на годината цената на биткоинот се движеше од 29.333 до 37.020 американски долари.

Во меѓувреме, цената на биткоинот постигна нов рекорд надминувајќи 50 илјади американски долари. Оттука, за очекување е Tesla со продажба на биткоините во моментов да оствари профит од нешто над милијарда американски долари.

Ова практично значи дека со продажбата на биткоини, Tesla може да оствари многу поголем профит отколку профитот што го создаде од продажбата на автомобили изминатите години, пренесува YahooFinance.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK