Tesla им забрани на таксистите да ги користат станиците за полнење

ОБЈАВЕНО НА:

Од 15 декември такси возилата не можат да се полнат на Supercharger станиците, а забраната стигна од страна на Тесла. Oва се случи после серијата на жалби од клиенти на Tesla. „Во некои реони возачите на автомобили за платен превоз ги блокираа брзите станици за полнење и го направија невозможно полнењето на колите на дргите лица“, стои во соопштението од страна на Tesla.

Доколку оваа забрана не ги даде посакуваните ефекти тогаш постои можност и за воведување на некои технички ограничувања. Во Европа во моментов Tesla располага со 1043 станици со 7496 Supercharger.

Користењето е целосно бесплатно за сопствениците на автомобили кои биле порачани пред 20 мај во 2017 година, а за колите после оваа дата органувачувањето е до 400 кВтч, а потоа се наплаќа.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK