Да се биде прогласен за трет најлош бренд во Америка поради отповикувања не звучи како со нешто со што треба да се гордее било кој. Но, извршните директори на Ford ќе се радуваат откако ќе дознаат дека Tesla и Stellantis ги турнале на пиедесталот на третото место.
Три години по ред, почнувајќи од 2021 година, Ford (и Lincoln) беа најлошите во индустријата во однос на повици на возилата за сервис. Минатата година издаде повеќе повлекувања, а тие отповикуваа повеќе автомобили, од кој било друг производител на автомобили.
Но, во последните шест месеци и Tesla и Stellantis (која ги вклучува марките Chrysler, Dodge, Jeep, Ram и Fiat ) „скокнаа“ за да ги заземат првите две позиции. Tesla објави само 15 кампањи за повлекување. а Stellantis има 67 и Ford 62, но гледајќи го вкупниот број на повлечени автомобили, електричниот бренд е многу напред.
Вклучувајќи го и повлекувањето објавено оваа недела во врска со системите за следење на притисокот во гумите на 700.000 возила од Model 3, Model Ys и Cybertruck, Tesla повлече 5.135.697 автомобили, во споредба со 4.722.452 на Stellantis и 4.370.701 на Ford. За референца Ford издаде 54 повлекувања кои влијаеле на 5.692.135 возила во 2023 година, но Stellantis оди од лошо на полошо. Иако минатата година беше на второто место, во таа прилика објави само 45 повлекувања за 2.689.297 возила.
Во прилог е листата на брендовите, со вкупнот број на возила што морале д аодат на дополнителен сервис и бројот на повлекувања.
Brand/Group | број на возила | бр. повл |
Tesla | 5,135,697 | 15 |
Stellantis | 4,722,452 | 67 |
Ford | 4,370,701 | 62 |
Honda / Acura | 3,794,113 | 18 |
General Motors | 1,872,521 | 33 |
BMW | 1,832,968 | 36 |
Toyota / Lexus | 1,221,666 | 16 |
Kia | 1,211,778 | 19 |
Hyundai / Genesis | 1,109,978 | 25 |
Volkswagen / Audi | 1,088,407 | 18 |
Mercedes-Benz | 409,751 | 27 |
Mazda | 297,941 | 8 |
Nissan | 178,964 | 17 |
Subaru | 118,723 | 1 |
Jaguar Land Rover | 111,215 | 20 |
Porsche | 78,593 | 13 |
Fisker | 44,967 | 6 |
Polestar | 25,831 | 2 |
Volvo | 17,711 | 3 |
Lucid | 16,527 | 5 |
Rivian | 10,011 | 6 |
Aston Martin | 4,727 | 4 |
Maserati | 3,384 | 4 |
Daimler Vans | 3,040 | 5 |
Lamborghini | 2,649 | 4 |
McLaren | 1,175 | 2 |
Waymo | 1,116 | 2 |
Karma Automotive | 269 | 1 |
BYD Coach & Bus | 227 | 1 |
VinFast | 225 | 1 |
Bugatti | 156 | 1 |
Nikola | 72 | 1 |
Morgan | 62 | 1 |
Rimac | 9 | 1 |
Pagani S.p.A | 8 | 1 |
Ferrari | 4 | 1 |