Tesla бара од добавувачите да им вратат дел од парите

ОБЈАВЕНО НА:

Tesla Motors во текот на минатата недела испратиле барање до своите добавувачи за враќање на дел од парите односно добивање на годишен рабат за остварен промет, пренесува Wall Street Journal.

Во меморандумот испратен од страна на ЕV производителот до дел од своите добавувачи, производителот бара да добие дел од парите за деловната 2016 година за како што наведуваат од таму, да се помогне да се врати профитот во Tesla. Со ова Tesla ќе може да искорисит дел од парите за реинвестиции што ќе биде доволна гаранција за продолжување на соработката помеѓу Tesla и добавувачите.

Едноставно кажано, од профитабилна Tesla голема корист ќе имаат добавувачите бидејќи тоа ќе биде гаранција за продолжуваање на соработката и загарантиран обем на работа на добавувачите.

Иако од компанијата одбија да дадат официјален коментар на ова барање, Елон Муск на својот Твитер профил напиша дека барањето на компанијата има за цел да ги намали трошоците. Медиумитe во Америка по ова под знак прашање ја доведуваат паричната позиција на компанијата. Истите тие сметаат дека ова е голема шанса компанијата да ја подобри паричнaта позиција, а доколку не успее во намерите тогаш производителот ќе се обиде да ги прибере потребните средства преку прибирање дополнителни инвестиции преку финансиските институции.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK