Tesla бара место за „гигафектори“ во Европа

ОБЈАВЕНО НА:

Како можни локации за фабриката се Холандија, Франција и Шпанија, иако од страна на компанијата нема коментари во врска со ова.

Tesla Motor планира да изгради „гига фабрика“ во Европа, за производство на автомобили и батерии за истите возила. Производителот на електрични возила следната година ќе почне со барањето на најпогодно место за локација на фабриката.

Tesla веќе има фабрика во Холандија каде се прави завршно склопување на европските верзии на моделите на Tesla што се направени во фабрката во Фримонт, Калифорнија.

Шпанско место како можна фабрика ќе биде главен снабдувач со сончева енергија доколку Tesla реши да ги произведува силарните покриви на нивната фабрика за батерии во Спаркс, Невада.

Новата европска фабрика на Tesla ќе и донесе дополнителен капацитет за достигнување н атаргетите на Елон Маск кој планира производство на 500.000 возила годишно до 2018 година. На почетокот на годинава објавите од страна на Tesla беа производство на 80 до 90 илјади возила во 2016.

Во првите девет месеци од годинава Tesla продаде 11.750 возила, што е пораст од 7,6 отсто според податоците што ги објави Jato Dynamics. Од вкупната продажба, 9.827 возила се на Model S sedan, а 1.902 возила од Model X large SUV. Само во септември продажбата скокна за 147 отсто на 3.206 возила што е предизвикано од појавата на Model X.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK