Тешки времиња за Tesla, има пари само за уште 10 месеци

ОБЈАВЕНО НА:

Ако тековните трошоци во Tesla останат на сегашното ниво, тогаш финансиските резерви на компанијата ќе бидат целосно исцрпени после десет месеци. Тоа стои и во писмото на Елон Маск и новиот финанскиски директор, а во него се упатува предупредување на нивните соработници за потребата од заштеди.

Маск препорачува внимателно да се проверува секоја ставка на трошоците и нуди мерки за штедење. Според писмото, резервите на Tesla во моментов изнесуваат 2,2 милијарди долари (1,97 милијарди евра) и при сегашното темпо на трошење ќе бидат исцрпени целосно до крајот на март следната година.

Tesla првпат виси на работ на банкрот. Во 2017 година, Bloomberg пресмета дека компанијата „гори“ и тоа по 8.000 долари во минута и ако тоа не се смени ќе ги потроши сите парични резерви до 6 август во 2018 година.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK