Terrafugia почнува да го продава првото летечко возило (ВИДЕО)

ОБЈАВЕНО НА:

Првиот летачки автомобил во светот ќе почне со продажба во текот на овој месец, а првите возила ќе бидат произведени во Кина. Ова е објавено од страна на компанијата производител Terrafugia Inc, која е компанија ќерка на кинеската Geely Auto Group.

Порачките за возилото ќе почнат месецов, а се очекува првите доставувања до клиентите да бидат во 2019 година. Во возилото на иднината ќе може да се превезуваат по двајца патници, а за менување на режимот од летање до возење ќе биде потребна само една минута. За кревање на автомобилот во воздух ќе биде потребна писта за полетување и слетување.

Првите превозни средства се очекува да бидат доставени во САД, а цената уште не е позната.

Според Geely тешко е лесните автомобили да станат масовни поради високите трошоци. Автомобилот Terrafugia ќе биде замена за малите авиони и ќе биде користен главно од фирмите и транспортните компании.

Се очекува Кинезите наскоро да го претстават и вториот модел на Terrafugia. Тој ќе може да полетува и да слетува вертикално, а тој модел на пазарот ќе се појави за пет години.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK