Познатиот забавен парк на Ferrari во Абу Даби ја добри наградата за најдобар тематски парк во светот. „The World’s Leadin Theme Park“ е дел од годишното натпреварување „World Travel Award“, a гала вечерта веќе вообичаено е во Мукат.
„Четири години по ред сме лидери на тематски парк на Блискиот исток и не можеме да бидеме погорди од ова. Ова е легендарен тематски пак полн со возбудувања и содржина, правиме сè што можеме за нашите гости. Многу сме горди на оваа награда“, изјавила Бјанка Самут, генералната менаџерка на паркот „Ferrari world“ во Абу Даби.
Тематскиот парк на Ferrari e направен пред речиси десет години во чест на „духот на брендот Ferrari“. Се наоѓа на островот Jas во Абу Даби и тоа е првиот тематски парк на Ferrari во светот. Поседува и најбрза патека за ролери во светот.
Паркот е отворен за јавноста на 4 ноември во 2010 година, а оттогаш има добиено награда за водечка туристичка атракција на Блискиот исток во 2015 и 2016 година, како и награда за водечки тематски парк на Блискиот исток во 2017 и 2018 година.