Технологија од „Ѕвездени патеки“ во кокпитот на BMW

ОБЈАВЕНО НА:

Во годините кога ги гледавме серите „Ѕвездени патеки“ и се воодушевувавме од технологијата што во иднина би требало да стане реалност, не се надевавме дека ќе можеме да дочекаме дел од таа технологија што ја гледавме само на ТВ екраните да ја видиме и во автомобилите.

BMW е подготвен да понуди концепт на виртуелен екран чувствителен на допир, што треба да биде претставен на CES (Consumer Electronics Show) што на почетокот на следната година треба да биде претставен во Лас Вегас. Дел од оваа програма на BMW е наречена „HoloActive Touch“ систем, иновативен интерфејс меѓу возачот и возилото.

Станува збор за холограмски, виртуелен екран чувствителен на допир. Дисплејот се управува преку мрдање на прстите. Според BMW Оваа технологија ќе соедини предности на три различни системи, во моментов достапни на некои од моделите на BMW – хед ап дисплеј, контрола на гестикулациите и класичен екран чувствителен на допир, како кај серија 7 и серија 5. Сите функции на автомобилот можат да се контролираат без физички контакт, со задржување на визуелни и опипливи интеракции.

BMW објаснува како ќе функционира системот: слично како HUD технологијата, сликата на колор дисплејот се генерира преку „интелегентна употреба на рефлексијата, но овојпат преку слободно лебдечка форма во просторот, а не како проекција на предното стакло“. Технологијата на виртуелен екран чувствителен на допир го проектира контролната платформа што може да се конфигурира, а возачот ја гледа покрај управувачот во висина на централната конзола. Камерата го следи движењето на раката на возачот и ја детектира позицијата на прстите. Кога врвот на прстите ќе направи некој контакт со некој од виртуелните контролни точки, се емитува пулс и посакуваната функција се активира.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK