Тажна одлука во Mitsubishi: Во август престанува производството на Lancer

ОБЈАВЕНО НА:

Пред две години Mitsubishi го прекина производството на рели верзијата на Lancer Evolution, но стандардниот модел остана во понудата. Продолжи продажбата, а моделот имаше и доста подобрувања за да остане конкурентен во 2016 година.

Тоа многу не помогна па бројките од продажбата одеа по надолна линија, и логично беше да се донесе одлука моделот да замине во музеј пред крајот на годинава. Од 69.000 продадени примерови во 2002 година, во 2016 продажбата на Lancer падна на 14.300 возила.

Според одговорните луѓе во компанијата засега не е во план да се понуди некој друг седан. Уште претходно Mitsubishi објави дека сака да се префрли на производство на кросовери и СУВ возила. Овој потег се оправдува со тоа што во моментот кросоверите се попродавани од седан и караван возилата на речиси сите пазари во светот.

Местото на Lancer во понудата ќе го завземе нов компактен кросовер што би требало да бид епретставен на саемот во Женева пролетва. Малку се знае за овој модел, освен некои скици што покажуваат дека им аинспирација од моделите XR-PHEV и XR-PHEV II концептите покажани во 2014 и 2015 година.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK