Taycan vs Model 3 – кој автомобил побрзо ги полни батериите?

ОБЈАВЕНО НА:

Појавата и популаризацијата на електричните автомобили несомнено донесе целосно нов концепт на тестирањето на автомобилите.

Во поглед на споредбата, покрај досегот со едно полнење, се почесто се прави споредба и на тоа за колку време се полни батеријата на автомобилот. Така еден германски магазин направи споредба на времето за полнењето на батериите на Porsche Taycan и Tesla Model 3.

Првиот електричен модел на Porsche располага со капацитет на батеријата од 270 kWh, а од 5 до 80% истата оваа батерија се полни за 22,5 минути. Моделот на Tesla пак, својата батерија ја наполни за 29 минути додека пак користејќи супер полнач од 0 до 80% батеријата ја наполни за 24,5 минути.

Можеби пред 30-тина години овие споредби би биле рамни на научна фантастика, но денес се и повеќе од реалност.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK