Tata бара партнери за Jaguar Land Rover

ОБЈАВЕНО НА:

Индискиот конгломерат Тата во чија сопственост е британскиот производител JLR (Jaguar Land Rover) и официјално потврди дека е во потрага по партнери за инвестирање во оваа компанија.

Британскиот прозиводител веќе неколку години мака мачи со финансиските проблеми и неочекувано ниската продажба па повеќе пати изминатите месеци е поврзана со продажба. Сепак, од Tata Motors наведуваат дека компанијaта не е на продажба.

“Автомобилската индустрија е кор бизнис за нас. Нема да ја продаваме” изјави натарајан Чандрасекаран од Tata Motors.

Tata во моментов покрај Jaguar и Land Rover, во своја сопственост ги има и брендовите Hispano, Daewoo, Тata, а има и заедничка компанија со Fiat за производство и продажба на овие автомобили во Индија.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK