Таму пивото е специјалитет: Ако одите во овие земји, морате да го пробате

ОБЈАВЕНО НА:

Многу современи патници прават список со локални напитоци, кои задолжително треба да ги пробаат при следното патување. Нема поосвежувачки ритуал од добро ладно локално пиво на крајот од долгото пешачење  во пријатно друштво.

Во некои земјни пивото го сметаат за храна, бидејќи богато со витамин Б, а некаде е сепак алкохолнен пијалок. Нормално е дека не треба да претерате со негово конзумирање. Сѐ во нормални количини.

И не заборавајте. Кога пиете немојте да возите, и кога возите немојте да пиете.

Ви претставување 12 пивски локации, кои го заслужуваат вашето внимание.

„Kingfisher“ – Индија

Ова е едно од најпопуларните пива во Индија со над 36% пазарен удел. Создадено е во 1978 година и се нуди во уште 52 земји во целиот свет. Ако се одлучите да го пробате „кралот на доброто преживување“, како што го нарекуваат локалните жители, тогаш изберете една од трите варијанти: водечкиот „ Kingfisher Strong“ со 8% алкохол и посилен вкус, „ Kingfisher Premium“ со 4,8% алкохол и полесен лагер вкус, како и најновиот „Kingfisher Ultra“, кој е целосно со увезени состојки и полн вкус.

„Tsingtao“ – Кина

Автентично и меѓународно признаено пиво се произведува со изворска вода од планината Лаошан, најубави слад, хмељ и јачмен, измешани со ориз од полињата од Западна Кина. Оризот допринесува за мазниот вкус на пивото, го омекнува и го прави исклучително пивко и сакано. Брзо после создавањето во 1903 година прераснува во едно од најраспространетите пива во Кина, а денес е и најизвесуваното и може да се купи во 90 земји во целиот свет.

„Peroni“ – Италија

Пиварата „Peroni“ е основана од Франческо Перони во 1846 година во градот Виџевано во Ломбардија, а истоимениот вид на пиво е најпродаваното во цела Италија. Оригиналниот рецепт е со 4,7% алкохол и вклучува јачменов слад, пченка, хмељ и дополнителен екстракт од хмељ. Освен „Peroni“, другото најпознато пиво на компанијата „Peroni Nastro Azzurro” е светлото лагер пиво со 5,1% алкохол, создадено во 1863 година. Брендот е официјален спонзор на натпреварувањето „Гран при“ во мотоциклизам.

„Estrella damm“ – Шпанија

„Estrella damm“ (“ѕвезда”) е најстарото пиво во Шпанија произведено првпат во Барселона во 1876 година. Се приготвува на база на вода, јачменов слад, бисерен ориз, пченка, хмељ и типична медитеранска состојка, која го карактеризира вкусот и на светлото пиво. Фабриката „Estrella damm“ во Барселона е единствената во Шпанија и една од малкуте во светот која произведува слад во сопствена работилница и има уникатен квасец, кој се чува во резервоарите во Барселона, Валенсија и Лондон. Овој бренд одлично може да се комбинира со шпанските тапаси или со морски специјалитети.

„Staropramen” – Чешка

Богатата традиција на Чешка во производство на пиво е надалеку позната благодарение на големиот број на пивари низ целата земја. Сепак, несомнено е дека најпопуларниотвид на пив е во Прага, а тоа е „Staropramen“. Компанијата, чие име во превод значи „стариот извор“ е основана во 1869 година. Двата најпознати вида на светло пиво со нежен вкус на слад, горчлив крај и 5% алкохол. Темното пиво е со сладост на карамела и полесна горчливост на хмељ. Копанијата ја должи репутацијата на автентичниот хмељ од регионот на Сааз, специјални сорти на јачмен и квасец, вкупно 16 трговски брендови. Се нуди низ 38 земји во целиот свет.

“BrewDog”Шкотска

Ова е компанија за крафт пиво, основана во 2007 година во Шкотска. Денес тоа е ланец на пивари и пивници низ целиот свет. Разновидноста на произведување на видови пиво е голема: ејл, стаут, индиски светол ејл… Во 2015 година брендот продава 2,2 милиони флаши и 400 илјади килограми. Амбициите се големи и основачите планираат да отворат специјален телевизиски канал кој ќе биде посветен на пивотот, како и да изградат „пивски“ хотел со 26 соби во близина на седиштетот во Елон во 2019 година. Плановите за хотелот вклучуваат глетка кон главната пивара, пиво во спалните и фрижидери со пиво во бањите.

Gösser“ – Австрија

„Gösser“ е австриско пиво, кое се произведува од 1860 година во најголемата австриска пивара во Леобен, која денес е дел од „Хајнекен“. Портфолиото за продукција на компанијата има 11 вида на пиво вклучувајќи и мартенско пиво, познато уште како „мерцен“, радлер, безалкохолни пива… Рекламното мото на брендот е „Добро. Подобро, Gösser“ или на германски Gut. Besser. Gösser. Освен во австрија пивото се произведува со лиценца и во Белорусија, Русија, Романија и Унгарија.

„Guinness“ – Ирска

Тоа е едно од најпознатите пива во светот, како и еден од симболите на Ирска. Се нарекува „црниот бисер“ на темните пива. „Guinness“ се произведува во над 50 земји и се продава во повеќе од 150 држави. Годишно се испиваат близу 1 милијарда литри. Иделната чаша „Guinness“ според компанијата треба да биде со температура од 6 степени и да биде сипана точно за 119.53 секунди. „Guinness“денеска е дел од компанијата „Diageo“, која го контролира производството и на „Smirnoff“, „Johnnie Walker“,„J & B“ и други.

„Мythos“ – Грција

Ова е втората пивара по големина во Грција создадена во 1968 година. Компанијата чие име значи „Мит“ е дел од „Сarlsberg“ од 2008 година и оттогаш внесе многу новитети од увоз на странски видови пива во Грција. Пивото „Мythos“ е лесно и светло лагер пиво со боја на слама и лесен освежителен вкус. Во продажба е од 1997 година. Алкохолот кој ова пиво го содржи е 5%, а при извоз 4,7. При посета на Грција можете да го пробате и темниот лагер “„Мythos Reed“ со црвеникава боја и алкохол од 5,5%. Главнаа фабрика на оваа компанија се наоѓа во Солун.

“Efes” – Турция

“Efes Beverage Group” e најголемиот производител на пиво во Турција со повеќе од 80% пазарен дел и главна продуктивна линија. „Efes“, го носеше името на древниот град Ефес на 50 километри од Измир. Покрај најпознатиот светол лагер „Efes“, можете го да пробате уште полупастеризираното „Efes Draft“ со рок на траење од шест месеци. „Efes Dark“ – темен двојно препечен слад лагер со 6,5% алкохол. „Efes Light“ – диететска варијанта со малку калории и ниско ниво на алкохол. „Efes Xtra“ – силна хмељ варијанта со 7,5% алкохол. „Efes Ice“ – меко и ароматично. „Efes Dark Brown“ – темен двојно препечен слад лагер со вкус на кафе и чоколада.

„Скопско“ – Македонија

Тука веќе нема дилема. Сосема јасно е дека тоа е најпознатото македонско пиво кое се произведува во Скопје од 1924 година и досега е одликувано со златни медали на меѓународниот независен институт „Мonde Сelection“.
Може да се пробаат неколку различни видови како „Скопско темно“ со темна боја, двојно препечен јачменов слад и горчилов-сладок вкус. Освежуачкото „Скопско Радлер“ со 2% алкохол и сок од лимон.
Нефилтрираното „Скопско млдо пиво“, кое се нуди како точено во неколку места низ градот. „Скопско Цреша“, со црвена боја, сок од цреши со 4% алкохол, како и непастеризираното и свежо „Скопско Smooth“ произведено со студена ферментација со 100% арома на хмељ.

„Jelen“ – Србија

Тоа е едно од најпознатите пива во Србија кое се произведува во пиварата во Апатин во Војводина. Пиварата е основана во 1756 година од страна на Виенската стопанска комора, а денес е под контрола на „Molson Coors“ од САД. Основниот вид на „Jelen“ е светло лагер пиво со 5% алкохол, а може да пробате исто и безалкохолна варијанта или со пониско ниво на алкохол, или со сок од лимон или грејфрут.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK