Како и години наназад така и оваа година на почетокот на април Porsche ги објави бонусите за минатата година. Без оглед на ситуацијата со коронавирусот од Porsche решија да им исплатат бонус и да им овозможат уживање во благодетите од нивната напорна работа минатат година.
Така според официјалното соопштение на германскиот производител, работниците во фабриките на овој производител ќе добијат по 9.700 евра бонус.
Бонусот и оваа година ќе се исплати во два дела, 9.000 евра ќе бидат исплатени за остварениот успех во минатата деловна година додека преостанатите 700 евра ќе бидат исплатени во индивидуалното пензиско осигурување.
За потсетување, минатата година поради успесите во 2018 година, работниците на Porsche добија по 9.656 евра.