Така е тоа во Германија: Само четири од 100 возачи сами си ги поправаат возилата

ОБЈАВЕНО НА:

Возачите кои самите ги поправаат своите возила и понатаму постојат. Оваа група е мала, а бројките велат дека само четири проценти од возачите во истражувањето изјавуваат дека сами работат на автомобилот.

Речиси пола од сите автомобилисти се потпираат на овластени сервиси. Тоа е резултатот на тековната студија на експертската организација Dekra и Институтот за пазарни проучувања Ipsos.

Независните работилници и сервиси исто така играат важна улога. Точно 37 проценти од сопствениците на автомобили денес се потпираат на нив, во споредба со 36 проенти во 2007 година. Од возачите, 11% избираат синџири од сервиси како ATU, Bosch Car Service или Pit Stop, додека во 2007 година биле 12 проценти.

„Резултатот од нашата студија покажува доверба што ја уживаат сервисирањето на моторните превозни средства кај возачите. Фактот дека над 80 проценти од автомобилистите сметаат на договорни односи и на независните сервиси, зборува сам за себе“, вели Гвидо Кучера, главен извршен директор на Dekra Automobil GmbH.

А, кај нас? Кај нас се уште постојат маалки сервиси каде соседот ви помага, а вие менувате антифриз, некои и масло. Самите менувате свеќички, акумулатори…. Најефтино е самиот да си смениш сијаличка на светлата. Но, дали знаеш како? Па ќе се научиш. И додека губиш време и нерви тоа во сервис се прави за кратки време и стручно.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK