Тајната е откриена: Кои автомобили Русинките ги возат најмногу?

ОБЈАВЕНО НА:

Аналитичарите направија ранг листа на автомобилски брендови со најголем број на жени сопственици. Резултатите од повеќегодишното истражување се претставени од експерти на агенцијата за анализи „Автостат“, а обработени се над 240.000 прашалници на учесници на возраст меѓу 18 и 65 години. Истражувањето се однесува за Русија.

Се покажало дека најженски бренд автомобил е кинескиот Chery. Дури 24% од сопствениците на овој автомобил се жени. На 2. место по овој показател се наоѓа Daewoo (22,5%), а на третото, Lifan (20,3%).

На 4. и 5. позиција со не многу голема разлика се наоѓаат Peugeot (17,2%) и Suzuki (16,9%). Освен нив во топ 10 на најженски автомобили уште се и: Citroen (16,3%), Geely (15,7%), Hyundai (12,7%), Mazda (12,5%) и Opel (11,7%).

Истражувањето било спроведено во периодот од 2013 до 2019 година, а притоа биле отчитани брендовите, кои биле присутни во анкетните листови барем 600 пати односно не помалку од 0,5% од вкупниот број. Други истражувања во врска со женската потрага на автомобили покажале голем број на парадокси.

На пример достапни се податоци од „Bosch авто сервисот”.

МИТ 1:Дали вие мислите дека девојките сакаат светли мали автомобили? Не, според вкусот им се автомобили од класата голф и големи кросовери со мирни бои.

МИТ 2:Дали вие сте мислеле дека жените многу внимателно ја следат состојбата на своите возила? Ни најмалку. Во сервисите тие одат поретко од мажите. По правило, само кога ќе „засвети сијаличката“ или „нешто ќе почне да попушта“.

МИТ 3: Дали вие сте мислеле дека жените сакаат најмногу кинески автомобили? Практично тие најчесто се возат на „Кинезите“, но срцето им припаѓа на Корејците: Kia и Hyundai.

Следете не и на:
[Fancy_Facebook_Comments]

24AUTO NETWORK