Тајна и многу вредна автомобилска колекција на банкар оди на аукција (ГАЛЕРИЈА)

ОБЈАВЕНО НА:

Аукциската куќа Vаn Dеr Brink ќе ја понуди автомобилска колекција од банкарот Пол Адер од Канзас, кој починал во ноември минатата година.

Роднините на Адер дознале за тајното хоби после неговата смрт. Се покажало дека банкарот со години ги собирал класиците од брендовите Plymоuth, Dоdgе и DеSоtо, а сите се од една и иста година, 1932.

Автомобилите биле складирани во поранешни рудници во областа на Канзас Сити, обновени во магацини со речиси идеални услови со постојан температура и влажност на воздухот. Иако некои од автомобилите имаат потреба од реставрација, повеќето се наоѓаат во прекрасна состојба со оглед на нивната возраст.

Пол Адер имал особена страст кон „плима“ од 32-ра година, а од нив собрал дури 14 примероци. Меѓу нив има и вистински колекционерски бисери како кочија со четири врати, од кои се произведени само 259 примероци, пет родстери, кабриолет со четири врати, поранешниот автомомобил на амбасадата на Јужна Африка во САД, купе со три прозорци, седан и купе-кабриолет.

Колекција стари возила – банкар од САД

Автомобилите биле складирани во поранешни рудници во областа на Канзас Сити, обновени во магацини со речиси идеални услови со постојан температура и влажност на воздухот. Иако некои од автомобилите имаат потреба од реставрација, повеќето се наоѓаат во прекрасна состојба со оглед на нивната возраст. 

Во збриката исто така има и две реплики на Аuburn Bоаttаil Spееdstеr и Соrd Rоаdstеr, Mеrсеdеs 280сSЕ oд 1970 и затворен автомобил на Сhеvrоlеt oд 1984 година со кој Адер ги превезувал своите своите нови миленици скриени од љубопитните погледи.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK