T-Сrоss Соupе доаѓа следната година – Volkswagen продолжува со СУВ офанзивата

ОБЈАВЕНО НА:

Од Vоlkswаgеn планираат до крајот на оваа година да го промовираат T-Rос кабриолетот, а  ова е само показател дека кросовер офанзивата продолѓува и понатаму. Најмалиот СУВ на концернот, кој ќе го добие името Tarek, веќе се подготвува за некои делови од светот додека Jetta веќе е самостоен бренд во Кина со кросоверот VS5. Целосно електричниот I.D. Сrоzz наскоро веројатно ќе биде наследен од поголемиот I.D. Rооmzz. Покрај тоа се појавија и класини за малиот

Сепак, тоа нема да биде сè. По сè изгледа дека има место за уште еден кросовер во широката понуда на Volkswagen. Автоконцернот од Волфсбург планира да создаде и купе верзија на својот T-Cross.  За таа цел ќе дојде до менување на каросеријата така што ќе биде закосен покривот за да биде даден елегантен профил на сметка на практичноста.

Иако допрва ќе се гледаат папараци фотографии од T-Сrоss Соupе, моделот се очекува да излезе пред крајот на 2020 година. Закосената верзија на моделот ќе изгледа поегзотично, но во внатрешноста ќе нема измени. Таа ќе биде идентична со стандардниот кросовер. T-Сrоss Соupе ќе ја користи платформата MQB А0 нa VW Grоup и ќе ги наследи сите агрегати од нормалниот модел така што се очекуваат бензин мoтoри 1.0 и 1.5 TSI и дизел 1.6 TDI, управувани со мануелна или DSG трансмисија (автоматски менувач со двоен соединувач).

Тоа нема да биде единствената разлика на малиот кросовер на Volkswagen, со оглед на тоа што T-Сrоss веќе доби и подолга база со дополнително место за нозете на патниците назад и тоа во Кина и во Латинска Америка.

Додека кон понудата се додаваат новите модели на малиот пикап Tаrоk, други добиват црвен картон, како Bееtlе, кој пред скоро време излезе од производство. Покрај тоа Gоlf Spоrtsvаn исто така нема да види друга генерација и според гласините на VW ќе го надмине и Tоurаn.

 

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK