Откако го продолжи договорот со Mercedes, Луис Хамилтон доби покачување од седум милиони евра по сезона, и тој алани беше најплатениот возач во Формула 1. За споредба, светскиот првак Нико Розберг кој му беше клупски колега на Хамилтон лани имал плата од 16 милиони евра.
Покачување на платата добил и Себастијан Фетал од 28 на 30 милиони евра.
Алонсо во 2015 година имал плата од 35 милиони евра, но сега добил пет милиони помалку, а нема податок поради кој апричина имал помала заработувачка.
Меѓу оние попознати имиња што имаат помали плати е и Кими Раиконен, кој доби 8 милиони евра, но порано одбиваше 18.
Листа на заработка од плата на возачите
1. Луис Хамилтон – Mercedes €32m
2. Себастијан Фетел – Ferrari €30m
3. Фернандо Алонсо – McLaren-Honda €30m
4. Џенсон Батон – McLaren-Honda €17m
5. Нико Розберг – Mercedes €16m
6. Кими Раиконен – Ferrari €8m
7. Даниел Рикардо – Red Bull Racing €5.5m
8. Фелипе Маса – Williams €4m
9. Нико Хулкенберг – Force India F1 €4m
10. Серхио Перез – Force India F1 €4m
11. Роман Грожан – Haas F1 Team €3m
12. Валтери Ботас – Williams €3m
13. Естебан Гутиерез – Haas F1 Team €750,000
14. Кевин Магнусен – Renault €750,000
15. Даниил Квјат – Toro Rosso/Red Bull Racing €750,000
16. Макс Ферстапен – Red Bull Racing/Toro Rosso €500,000
17. Паскал Верлаин – Manor €500,000
18. Карслос Саинц – Toro Rosso €350,000
19. Џолион Палмер – Renault €250,000
20. Фелипе Наср – Sauber €200,000
21. Маркус Ериксон – Sauber €200,000
22. Рио Харјанто – Manor €150,000
23. Естебан Окон – Manor нема податоци
Колку потрошиле тимовите на возачи во 2016:
1. Mercedes €48m
2. McLaren-Honda €47m
3. Ferrari €38m
4. Force India €8m
5. Williams €7m
6. Red Bull Racing €6-6.25m
7. Renault €1m
8. Scuderia Toro Rosso €750,000-€1m
9. Manor €650,000
10. Sauber €400,000