Светски собир: Фановите на Citroen 2CV на едно место (Галерија)

ОБЈАВЕНО НА:

22. собир посветен на љубителите на Citroёn 2CV, се одржа од 26-27.Јули во Ерисеира, Португалија, на брегот на Атлантскиот океан.

Годинава, Ерисеира, повторно е центар на настаните за 2CV. Овој град е сместен на 35 км. од Лисабон, покрај море и претставува светски познато туристичко место. Ерисеира од 26. до 30. беше горд домаќин на случувањата посветени на 2CV.

За првпат овој вид хепенинг е организиран во далечната 1975 во Финска од страна на невладината организација ACI (Amicale Citroën Internationale – Интернационални пријатели на Citroën) и се одржува на секои две години во различни држави. Франција беше домаќин во два наврати 1989 и 2011.

За 22. 2CV собир, организаторите успеале да соберат, заедно на едно место, 2000 љубители на 2CV од целиот свет. Дотолку повеќе што дури и соседниот регион Мафра се вклучи во настанот со изложба на десетина специјални возила во нивната палата од XVIII век. XXII 2CV Светски собир им посака добредојде и на учесници од 2CV Португалската тура и Raid 2CV Racing Team Havas, кои вклучуваа околу 50 натпреварувачи со 2CV.

Авантурата Peugeot Citroën DS исто така настапи во Португалија, во пресрет на љубителите и колекционерите. Притоа, Citroën Португалија ги изложи Citroën C4 Cactus и новиот Citroën C3,
опремен со ConnectedCAM CitroënTM. Додека пак три нови автомобили Citroën C3 беа почесни учесници на 2CV парадата!

Следни настани:
– XXV Национален 2CV настан, од 9 до 13 Мај 2018 во Белфорт.
– XXIII 2CV Светски состанок, од 30 Јули до 4 Август 2019 во Хрватска.

ПР текст на Автонова

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK