Светски рекорд: Kia Niro троши најмалку меѓу хибридите

ОБЈАВЕНО НА:

Моделот Kia Niro постави нов светски рекорд во потрошувачка на гориво за хибридно возило, возејќи од источниот до западен дел на САД, и притоа трошел само 3,07 литри гориво на 100 км. Според американските норми Kia Niro со еден галон гориво изминувал 76,6 милји.

Рекордот го поставиле возачите Вејн Гердесу и неговиот совозач Роберт Вингер. Тие тргнале од градското собрание во Лос Анџелес и стигнале до градското собрание во Њујорк. Притоа минале 5.979 км. за што им требало 183 литри гориво или 4,1 резервоар. Возилото што го управувале според ништо не се разликувало од било кој сериски примерок на овој модел.

Kia Niro е прв модел на Корејците што постои исклучиво како хибрид. Niro е кросовер, а може да се пофали со скромна потрошувачка на гориво. Покрај спортскиот и атрактивен дизајн нуди долг список на расположива опрема како: иновативен хибриден систем што дава динамично и забавно возење, пространа кабина со многу простор за пет патници и нивниот багаж, многу напредна помош за возачите – автоматско сопирање при потреба, детекција на мртов агол, предупредување на промет зад возилото, помош при промена на возачката лента, радарски темпомат, напреден инфотамент систем штоп вклучува UVO3 s Apple CarPlay™, Android Auto™, 7 инчен екран осетлив на допир, навигација и премиум аудио систем Harman Kardon.

Kia Niro има просечна потрошувачка од 3,8 литри и ниска емисија на Ц)2 (88 г/км.)

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK