Светската продажба на автомобили со пад од 27,7 отсто за половина година

ОБЈАВЕНО НА:

Агенцијата за статистика LMC Automotive ги објави своите податоци за бизнисот со нови автомобили на глобално ниво во минатиот месец, како и резултатите за првата половина на 2020 година.

Според нив, јуни завршил со намалување на продажбата од 18,1% до ниво од 6.363.889 автомобили, а првата половина од годината е на ниво од 32.609.072 возила или за 27,7% помалку во споредба со периодот јануари-јуни во 2019 година.

Единствените два основни пазари, на кои не се забележува пад во јуни се Кина и Кореја, додека вториот бележи и исклучителен раст од 42,5% до 201.994 возила. Во Кина подобрувањето е 6% достигнувајќи ниво од 2.186.167 примероци.

Во САД,  Канада, Западна Европа и Јапонија се регистрира намалување од соодветни 26,2%, 23,5%, 26,7% и 22,8%, а на другите пазари од 40,7% до 753.710 возила. Кореја е единствениот пазар на кој се забележува подобрување во бизнисот со нови автомобили од крајот на првта половина на 2020 година и тоа за 7,6% до 914.401 возила.

Најсериозен пат во првите шест месеци има во Западна Европа (-40.3% до 5.195.470), а во САД и Кина се соодветно 23,7% и 19,5% до ниво од 6.415.568 и 9.761.293 автомобили.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK