Доколку сте од оние возачи коишто не сакаат често да го дополнуваат резервоарот и чекаат тој да биде речиси на дното, тогаш ова може да биде интересен податок за вас. Прашањето е колку автомобилот може да вози откако читачот за гориво ќе покаже 0 км?
Доказот дојде од страна на двајца комичари од Австралија, Хамиш и Енди коишто се најдоа зад воланот на Audi SQ5. Двојката почна да мери од моментот кога на борд компјутерот се појави 0 км. Тие не очекуваа да бидат уште долго на патот, но размислуваа погрешно.
Минаа дури 111,9 километри откако читачот за гориво покажа дека резервоарот е празен, што секако беше големо изненадување.
Важен податок е дека овој тест беше направен на автопат при поголема брзина. Градско возење сигурно нема да донесе вака дарежлив момент и сигурно нема да биде толку долга релацијата.
Исто така има и предупредување, да не дозволувате ваков експеримент со вашето возило бидејќи со целосно празнење можете да ја оштетите пумпата за гориво.