Suzuki Swace: Вториот „близнак“ со Toyota

ОБЈАВЕНО НА:

Прво Across, а сега и Swace – очигледно соработката меѓу Suzuki и Toyota дава резултат. Бидејќи двата модели се создадеин на начин познат како „инженерство на амблеми (badge engineering)“.

Swace располага со докажан хибриден погон на Toyota, се состои од електромотор и 1.8-литарски бензинов мотор, кој обезбедува системска моќност од 90 кВт/122 коњски сили согласно стандардот WLTP. Математички тоа одговара на потрошувачката од 4,2 литри гориво на 100 километри, но Suzuki сè уште нема дадено никакви официјални информации за ова прашање.

Според Suzuki Германија, моделот Swace може да биде порачан „веднаш“, но компактното комби сè уште не може да се најде на почетната страница на порталот на увозникот. Ќе се нуди во најдобрата конфигурација, наречена Comfort +, по цена од 30.559 евра (вклучително и 16% ДДВ).

Новиот додаток во понудата на Suzuki во Европа е с должина од 4,65 метри, обем на багажникот од 596 до 1.606 литри. Возилото е со LED фарови со асистент за долги светла, греење на воланот, двозонска автоматска клима, загреани предни седишта и мулдимедијален аудио систем со 8-инчен екран.

На списокот на додатоци уште се наоѓа и прилагодлив круз контрол (ACC), препознавањето на патокази, систем за предупредување за напуштање на лентата, асистент за паркирање (RCTA) и системот за предупредување и предвремено предупредување од судир.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK