Suzuki се повлекува од кинескиот пазар

ОБЈАВЕНО НА:

И додека сите авто производители бараат начини како да влезат во конкуренција на кинескиот пазар, јапонскиот производител Suzuki објави дека се повлекува од овој, најбрзорастечки пазар.

“Пред околу 25 години го лансиравме моделот Alto во Кина и од тогаш се трудевме да се прилагодиме на кинескиот пазар. Сепак, поради постепеното преминување на кинезите на големи возила одлучивме да се повлечеме од овој пазар” изјави директорто на Suzuki, Осами Сузуки.

Повлекувањето од Кина се комплетираше со продажбата на последните акции во партнерството со локалниот производител Cangan на кого му е препуштен останатиот дел од ко-сопствеништвото.

Со повлекувањето од кинескиот пазар, Suzuki останува да се фокусира на пазарот во Индија каде со децении е вистински лидер, и пазар од кој генерира најголем дел од годишните приходи.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK